Производните капацитети на World Medicine се во согласност со меѓународните стандарди и имаат добиено одобрение од регулаторните органи на различни земји. Исто така, капацитетите поседуваат и Европски сертификат за добри производни практики (European GMP).
Истанбул
Седиштето на нашата компанија во Турција, која извезува фармацевтски производи во повеќе од 50 земји во светот, како и нашата лабораторијата за истражување и развој, опремена со најразвиени технички уреди, се во Истанбул.
Нашиот производствен капацитет, кој започна со своите активности во 2013 година, врши производство по високи стандарди со силната и брза организациска структура. Производство на фармацевтски производи, како што се ентерични обложени таблети, меки и тврди капсули, флаширан сув прашок за орална употреба, ќесички, раствори, орални течни форми, спрејови за нос, стерилни капки за очи, капки за уши, аеросоли за инхалатори против астма, микро дози за анти-астма инхалатори, гелови, креми, масти и форми за супозитории, која надминува 60 милиони кутии годишно, се врши на затворен простор од 12.800 квадратни метри од специјален тим со високо знаење и способност за брза реакција.




Cerkezkoy (Черкезкој)
Изградбата на Фабриката на World Medicine во Черкезкој, во провинцијата Текирдаг заврши во 2020 година. Фабриката е предводник на инвестициите во производството на фармацевтски производи, а произведува течни стерилни форми, лиофилизирани стерилни форми, цврсти форми, полу-цврсти форми, аеросоли за инхалација, нестерилни течни форми.
Опремена со машини над светските стандарди во технолошка смисла, фабриката се контролира со системи кои ги исполнуваат најстрогите меѓународни производни стандарди од аспект на хигиена и безбедност.
Нашата фабрика, која нуди услуги со годишен производствен капацитет од вкупно 1,3 милијарди кутии (13,6 милијарди полупроизводи годишно), се простира на површина од вкупно 50.000 m2 со компетентен персонал, кој ги следи светските трендови за производство и се стреми кон совршенство на производот и услугата како политика за квалитет.
Романија
Фабриката на World Medicine во Романија почна со работа во 2017 година.

