World Medicine Македонија има за цел да го подобри квалитетот на животот на пациентите нудејќи ефикасни и достапни лекови со иновативна перспектива, како дел од Светската група на компании кои обезбедуваат услуги на глобално ниво.

Иновативна
Перспектива
Никогаш не отстапувајќи од стандардите за одржлив квалитет, World Medicine има за цел да го подобри квалитетот на животот низ целиот свет нудејќи достапни и ефективни производи со иновативна перспектива. World Medicine има големо портфолио со повеќе од 450 фармаколошки производи, во повеќе медицински области, како што се офталмологија, неврологија, ендокринологија, кардиологија, ревматологија, гастроентерологија, урологија и пулмологија.
Извоз на фармацевтски
производи во
повеќе од 50 земји.
World Medicine, како компанија која извезува фармацевтски производи во повеќе од 50 земји како сигурен деловен партнер и лидер во фармацевтскиот бизнис, има седиште во Истанбул, а во истиот град е и лабораторијата за истражување и развој, која располага со највисоко развиени технолошки уреди.


Ја претставуваме
World Medicine
со успех и гордост
World Medicine, која од ден на ден се проширува со компетентни вработени, со успех и гордост ја претставува Македонија низ целиот свет.
Еден од производствените капацитети на World Medicine во Турција функционира во Истанбул, а другиот во Tekirdag, Cerkezkoy (Текирдаг, Черкезкој). Компанијата, исто така, има производствени капацитети и во Романија и Алжир.
ЗДРАВЈЕТО Е БОГАТСТВО
КОЕ ГО ДЕЛИМЕ
Мисија и визија
Мисија
Да го подобриме квалитетот на животот низ целиот свет со достапни и ефикасни производи со нашата иновативна перспектива.
Визија
Да бидеме доверлив деловен партнер и водечка компанија во сите земји и на сите полиња на кои сме активни.
Здрава работна средина
World Medicine се стремиме кон благосостојба на своите вработени, верувајќи дека квалитетот на животот доаѓа од човечката среќа.
Засновано на квалитет
Преку нашата посветеност на квалитетот на производите и услугите, поставуваме цели за одржлив квалитет и се стремиме кон подобро.



Етичка работа
Свесни сме дека етиката е основата на добро управување. Транспарентноста и правдата се клучни елементи на нашиот идентитет.
Иновации
Целта ни е да креираме идеи кои ќе го водат нашиот сектор во светлото на иновативноста.
Волја за успех
Свесни сме дека познавањето на решението не е доволно за истото да се спроведе во пракса. Клучно е да се има волја. Страсно одиме напред за да се подобриме.
Почит кон животната средина
Како World Medicine, заедно со нашите соработници ја заштитуваме животната средина, ја зголемуваме свеста на нашите вработени и секогаш ефективно и ефикасно ги користиме природните ресурси во согласност со принципот на одржливост, размислувајќи за идните генерации.

Здравје и безбедност на вработените
Здравјето и безбедноста на нашите вработени и засегнати страни се наш главен приоритет. Усвојуваме проактивен пристап со цел да спречиме несреќи при работа, професионални болести и влошување на здравјето што може да се појават во текот на нашите активности; Обезбедуваме безбедна работна средина.