Во лабораториите за контрола на квалитетот на World Medicine се контролира дали производот ги исполнува очекуваните вредности за квалитет во секоја фаза од производството, од суровини до финален производ во согласност со меѓународните прописи за производство и контрола на фармацевтски производи.
Контролите се спроведуваат со хемиски и микробиолошки методи со користење на врвни технологии.


Провеси во Лабораторијата за микробиолошка контрола:

  • Тестовите за квантификација се вршат со дигитална опрема за отчитување и пресметка.
  • Идентификуваните бактерии се анализираат со користење на Q-TOF технологијата.
  • Тестовите за броење се вршат со помош на врвна опрема за дигитална евалуација.


Процеси во лабораторијата за хемиска контрола:

  • Квантификација и анализа на нечистотии HPLC (течна хроматографија со високи перформанси), U-HPLC (течна хроматографија со ултра високи перформанси),
  • Анализи на остатоци од растворувачи (гасна хроматографија),
  • Хемиските анализи сè уште се вршат со високотехнолошка опрема.


Тимот за документација, кој ги следи тековните публикации и нè води во студиите, а кој е задолжен да ги подготви и да ги ажурира процедурите, работи во склоп на Одделот за контрола на квалитет. Тимот за техничка поддршка исто така работи во лабораторијата за да обезбедиме континуитет на работата. Тимот за квалификација за лабораториска опрема го следи развојот на аналитичката опрема и ја следи квалификацијата, одржувањето и калибрацијата на опремата со цел да обезбедиме континуирани и точни резултати за време на анализите.

Благодарение на добро информираниот и искусен раководен кадар, Одделот за контрола на квалитет, покрај вработувањето на искусен кадар, ги отвори вратите и за млади дипломирани студенти од областа на хемијата и биологијата