WM АКАДЕМИЈА

Организацијата за обука и развој тргнува од слоганот WMove, а Стратешкиот менаџмент го смета за компас. WMove се базира на YOGA, Моделот на корпоративни перформанси, кој има за цел промена и на индивидуалното и на корпоративното однесување и кој ги обучува вработените. „Искрено да ја извршуваат својата работа.“.

Зошто сина?

Сината е боја на морето и небото. Асоцира на длабочина и стабилност. Симболизира концепти за доверба, лојалност, ум, верба и духовност.

Зошто зелена?

Зелената е боја на природата. Асоцира на концептите како развој, хармонија, свежина и продуктивност. Има силна врска со чувството на доверба.

 

 

Зошто Јин-Јанг?

ЈинЈанг значи две половини кои се спојуваат и создаваат една целина. Јин, кој е една двете половини, ја претставува темнината или сенката, а „Јанг“ ја претставува светлината или Сонцето. Јин и Јанг се појдовните точки на промената. Кога нешто станува целина, тоа е непроменливо и целосно, како што е дадено според неговата дефиниција. Со други зборови, кога овој симбол ќе се подели на два, се нарушува неговиот интегритет и деловите бараат нова рамнотежа трчајќи еден по друг. Две работи кои се сосема спротивни една на друга го губат значењето една без друга.

Зошто вакво лого?

За да доживееме промена, треба да излеземе од комфорната зона. Тоа значи да не ги менуваме навиките и да очекуваме различни резултати со истите постапки. Кога мозокот се соочува со таква ситуација, го активира одбранбениот механизам и измислува изговори за да останмее во вообичаената зона. Ова предизвикува паника и отфрлање на промените. Во такви моменти, мора да останеме смирени, мора да се чувствуваме сигурни и мора да си дадеме можност да ги разгледаме сите позитивни и негативни резултати, без разлика за која тема се работи.

Во логото на WM академијата користевме „ЈинЈанг“, зашто бевме свесни дека сите елементи на позитивни и негативни ситуации можат да се надополнуваат и се дел од промената. Користевме нијанси на „Сино и зелено“ зашто знаеме дека безбедно ќе постигнеме чувство на свежина, обнова и развој со знаењето и искуството од минатото. Рековме „НИЕ СМЕ ЕДЕН СВЕТ“, зашто веруваме дека ќе ја градиме оваа приказна добивајќи моќ од вработените во World Medicine.

АКАДЕМСКИ ПРОГРАМИ

1 - Програма за ориентација

Сите колеги кои му се придружуваат на семејството на World Medicine, прво поминуваат „Општа ориентација,“ во која се запознаваат со компанијата и им се објаснуваат правилата за GMP. Потоа, поминуваат „Ориентација на одделот“, структурирана според работните текови, во одделот каде што ќе работат и детално дознаваат и за компанијата и за одделите и нивните должности во првите 6. месеци. Програмата се изведува и лице в лице и онлајн преку нашата дигитална платформа.

2 - Програми за развој на лидери

Ги идентификуваме силните страни и областите на развој на нашите лидери од сите позиции и подготвуваме програми за лична обука според резултатите од студиите на случај спроведени во Центарот за евалуација. Обуките ги поткрепуваме со коучинг и менторски сесии и се осигуруваме дека студиите работени со постојани повратни информации се претвораат во однесување. Благодарение на структурираните програми, можеме да подготвиме програми за обука и за нашите лидери и за потенцијалните лидери.

3 - Програми за компетентност и личен развој

Придонесуваме за посреќна и поуспешна работа на нашите вработени преку обуки од кои можат да имаат корист и во деловниот и во приватниот живот.

4 - Програми за професионален и технички развој

Подготвуваме содржини кои ќе ги насочат професионалните и техничките предмети прашања од секторот и ќе го поддржат развојот на колегите.

5 - Интерна програма за обука и распоредување

Благодарение на нашата програма подготвена со богати содржини како што се Креативна драма и Обука на обучубачи, ги обучуваме нашите внатрешни обучувачи. Сами ги дизајнираме програмите за обука кои се неопходни за секторот и нашата компанија.

6 - Програми за странски јазици

Како World Medicine, свесни сме за важноста за изучување на странски јазици преку искуството што го стекнавме со извоз во повеќе од 50 земји, затоа на нашите вработени им нудиме дигитални и лице-в-лице решенија.

7 - Дигитална платформа WM Академија

Целото семејство на WM има пристап до нашата платформа со повеќе од 1000 содржини за обука, ажурирани извори на вести, библиотека и работилници за драматизација, и преку мобилна апликација и преку интернет.